Али Ахмети повика за надминување на спорот меѓу Македонија и Грција

Лидерот на ДУИ Али Ахмети повика за надминување на спорот меѓу Македонија и Грција и за интегрирање на Македонија во НАТО и во Европската Унија. Ахмети, кој во Вашингтон ќе има средби со функционери од средниот ешалон во американските институции, рече дека е време за помирување на народите на Балканот. Во соочување со грчки коментарор, рече дека спорот за него е неразбирлив и дека Македонија нема територијални претензии кон Грција.

Али Ахмети, кој ретко патува во САД, е придружуван од вицепремиерот Муса Џафери и шефот на неговиот кабинет Артан Груби, рече дека нема разлики меѓу неговата партија и ВМРО-ДПМНЕ за спорот, и дека двете партии се залагаат за интеграции на Македонија.

На прашањето за инцидентот во Собранието Ахмети упати остри критики до лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, велејќи дека блокадата на буџетот била обид да се одложат локалните и предизвикаат предвремени парламентарни избори, во време кога треба да се фокусираме на спорот за името. Ахмети рече дека ја презема одговорноста на владата за собраниските настани, но дека се работело за сценарио на опозицијата во кое и пратениците на ДУИ добивале сериозни закани од пратениците на СДСМ.

 

најчитано сега