Груби се пофали: Ветено, реализирано

Пратеникот на ДУИ Артан Груби на Фејсбук се пофали дека 100 отсто испорачале од ветеното во партиската програма. Тој сподели и форографија на која заедно со колегите пратеници и лидерот Али Ахмети насмеани гласале за измените на законите за вработените во администрацијата и во јавниот сектор.

– Супер добра вест, ДУИ испорача 100% од ветената програма на изборите во 2016 година:

Како што ветивме вчера, но и порано, денес во Собранието ги усвоивме промените на законите за вработените во администрацијата и во јавниот сектор. Промените овозможуваат:

Признавање на дипломите за сите оние административци во државниот и јавниот сектор кои се вработени со средно образование и кои во меѓувреме дипломирале на факултет. Тие ќе ја добиваат својата плата според нивото на образование што го поседуваат.
Станува збор за сите вработени според овие два закони во централната и локалната самоуправа, образованието, науката, културата, здравството, работата и социјалната политика, агенциите, фондовите, јавните институции итн.

Унапредувањето во работните места повеќе не е спречено од хоризонталните движења на различни работни места. Ова го отвора патот за заслужен напредок на многу административци, напиша Груби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега