ВМРО- ДПМНЕ: Факти кои го одбележаа денот

ВМРО- ДПМНЕ со факти кои го одбележаа денот:

„1.Градоначалникот на СДСМ, Курто Дудуш за тепање на граѓанин Луи Витон судството на Заев само го опомена. 

2.Генералниот секретар на СДСМ бара партиските функционери да не се пијанчат и чаламат по кафеани и дискотеки само до избори, за да ги залажат граѓаните дека се угледни. 

3.СДСМ носи закон за Македонски јазик со кој македонскиот јазик го третираат несоодветно. 

4.Со партиски вработувања се полни општина Ѓорче Петров. Наумовски си ги прибра партиските другари во општинските канцеларии.

5.Поранешниот началник на штипската полиција, кадар на СДСМ, кој е осомничен за криумчарење мигранти е унапреден во советник во бирото за јавна безбедност.

6.Мила Царовска се прави дека не знае дека работниците се принудувани да враќаат дел од минималната плата, нешто што е јавна тајна во државата, а таа како доскорешен министер требала и морала да го знае тоа и да го санкционира.

7.Венко Филипче се повеќе се заглавува во криминалната афера “Рекет 3” поврзана со стопираната изградба на штипската болница. 

8.Во 2019 година фирмите кои котираат на македонската берза бележат пад на профит од 13%. Економијата и стопанството тонат“ велат од ВМРО- ДПМНЕ.

9.Два месеци обвинителството не превзема конкретен чекор за скандалот со уништување на инсулин со валиден рок од реномиран производител. Штетата на буџетот е милионска. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега