Ѓорчев: Лицемери шарени, се сеќавате како ветувавте дека ќе ги вратите младите и иселените

 

Вицепремиерката Мила Царовска на денешната прес-конференција говореше за одливот на мозоци надвор од Македонија и како да се спречи тоа.

 По прес конференција на Царовска на фејсбук се гласи и пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ Влатко Ѓорчев:

„Лицемери шарени, се сеќавате како ветувавте дека ќе ги вратите младите и иселените?

Ете ја Мила Царовска. “ОДЛИЧЕН” одговор од неа, нели?!

Оставка лицемери, оставка!!“ напиша Ѓорчев.

„Ни се случува глобално движење. Вие не можете да им забраните на младите да го видат западниот свет. Тоа е противуставно и ограничување на слободата на движење. Младото лице со стекнати вештини да се врати во Македонија, тоа е стратегијата“, рече Царовска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега