Трипуновски: Јас ќе бидам со земјоделците без разлика кој што ќе каже

Дополнителниот технички министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски денеска беше во вонредната посета и контрола на Подрачната единица на МЗШВ во Берово.

По објавеното видео следеа многу реакции, па Трипуновски повторно се огласи на Фејбук и рече дека секогаш и секаде ќе ги заштитува земјоделците.

„Гледам многу нервоза и хистерија на Бихаќка! Па како и нема да има кога нивните функционери се фатени за време на работно време со нозете во вис! Дел од моите работни активности како министер е и контролата врз вработените и работните простории.

Жалење за нехуманиот однос на локалните функционери кон земјоделците, добив од фармерите. И тоа што ми го кажаа и го воочив и сам, а камерата го документираше. Ниту е прекршен Законот за заштита на лични податоци, ниту е извршен мобинг!

Јавен интерес е оваа снимка да биде објавена. Земјоделците ќе ги заштитам секогаш и секаде. Ниту пак мобинг е извршен бидејќи мобинг е тоа што го прави СДСМ и нивните функционери со илјадници земјоделци секојдневно го прават, ги омаловажуваат и не им даваат субвенции и по неколку години.

Трајане, јас ќе бидам со земјоделците без разлика кој што ќе каже. Јас сум заштитник на обичниот граѓанин и земјоделец и сум горд на тоа.
Бидете спремни на многу вакви контроли. Затоа што тој што не работи се жали, тој што работи ќе биде награден“ напиша на Фејсбук дополнителниот технички министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски.

Вонредната посета и контрола на Подрачната единица на МЗШВ во Берово, Трипуновски ја објави на својот фејсбук профил.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега