ВМРО-ДПМНЕ: Eпидемија на непотизам владее во Македонија

Eпидемија на непотизам владее во Македонија. СДСМ го цеди буџетот и безмилосно ги троши парите на граѓаните за вработување сопруги, тетки, деца, братучеди, блиски и далечни роднини на партиските функционери, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Нема функционер на СДСМ кој што не си ја вработил целата фамилија по државната и јавна администрација. СДСМ ги користи последните моменти на власт за изигрување на законите и за згрижување на своите партиски активисти и полтрони. Во Општина Ѓорче Петров лицето Лепа Ѓорѓиевска Јакимовска, односно жена на личниот шофер на градоначалникот Александар Наумовски ќе биде вработена како соработник за односи со јавност во општината. Непотизмот  е присутен и во Битола каде што Јове Смилевски, инаку вработен во РЕК Битола и Претседател на синдикатот на ЕЛЕМ, близок до Васко Ковачевски и СДСМ, си го вработил својот син Наум Смилевски во РЕК Битола, а истиот тој е Претседавач на Советот во општина Новаци од редовите на СДСМ. Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров непосредно пред формирањето на техничката влада си ја вработил сопругата Теодора Димитрова во МВР односно СВР Штип. Сестрата на Претседателот на млади на СДСМ Велес, Вера Арсова Митреска, аплицирала за оглас за доктор во Општата болница во Велес каде што се барале 5 доктори. Сериозни сомнежи и индиции за изигрување на законот има бидејќи истата била 7-ма на рангирањето, односно се барале 5. Иако била 7-ма, сепак била вработена од страна на болницата. Досегашниот командир на полициската станица Прилеп, партискиот полицаец на СДСМ, Кире Спиркоски, сестрата на сопругата, Викторија Јовческа ја вработил во општина Прилеп. Најверојатно како награда за работата која што ја вршел до сега за СДСМ. СДСМ знаат и се исплашени од поразот којшто ги чека на 12-ти април, па затоа брзаат да ги вработат своите партиски активисти, истакнуваат од партијата.

Никој од СДСМ нема да се спаси од прекршување на законот. По 12-ти април следува обнова на Македонија, и тоа обнова која што ќе донесе рамноправност за сите граѓани, а не само привилегии за локалните и централните функционери на СДСМ и власта, додаваат од опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2020 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега