СДСМ: Повеќе нема присилно извршување за социјално загрозените граѓани, градиме фер и праведно општество

СДСМ продолжува со реализацијата на одговорните политики кои обезбедуваат подобар животен стандард за граѓаните и го враќаат достоинството, велат преку соопштение од СДСМ.

„Измените во законот за извршување, усвоени во Собранието на предлог СДСМ, особено се во интерес на загрозените категории на граѓани, чии приходи целосно се изземаат од присилно извршување. Примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита,примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на возрасните лица, отсега целосно се изземаат од присилно извршување“ се вели во партиското соопштение.

Одс таму нагласувваат дека со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана од примањата на граѓаните.

„Наместо досегашните 1/3 од примањата, износот кој може да биде извршен се намалува на 1/5 од плата или пензија за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија. Примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните. Трошоците кои ги плаќаат граѓаните мора да бидат намалени и разумни, а не енормни, само така ќе изградиме фер и праведно општество. СДСМ како одговорна партија спроведува политики кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, зголемување на семејните буџети и подобар животен стандард за сите“ велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2020 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега