Пешевска: СДСМ ги манипулира пензионерите и го спречува реалното покачување на пензиите

СДСМ ги манипулира пензионерите. СДСМ го спречува реалното покачување на пензиите, реагира Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

-На вчерашната 116-та седница во собранието, пратениците од СДСМ го одбија предлог законот со кој ВМРО ДПМНЕ бараше враќање на старото законско решение со кое пензионерите добиваа редовно покачување на пензиите. Со овој наш предлог усогласувањето на старосната пензија се врши според движењето на индексот на трошоци на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Ова го баравме откако СДСМ во декември 2018 го промени начинот на усогласување на пензиите со тоа што го укина вториот индикатор за зголемување на пензиите, а тоа беше растот на просечната плата во државата и со тоа ги намали пензиите. Имено, просечната пензија на 31.12.2018 година изнесуваше 14.445 денари и доколку се зголемеше за 3,075% или тоа е 50% од зголемувањето на просечната плата, тогаш пензијата ќе  изнесуваше 14.890 денари. Односно зголемување од 445 денари во првата половина од 2019година. Ако проесечната пензија на 30.06.2019 изнесуваше 14.890 денари и ако таа се зголемеше за 1,75%, колку што изнесуваше половина од процентот на пораст на просечната плата во првото полугодие од 2019-та година, тогаш пензијата требаше да изнесува 15.150 ден, истакна таа.

Коментира дека ова значи дека со промената на законот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ во првите 6 месеци од 2019 одзема 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019 одзема дополнително 705 денари месечно или вкупно во 2019 година СДСМ одзема 6900 ден или по 575 денари месечно.

-Со други зборови, 73.000 корисници на минимална пензија до 9000 денари  добија 63 денари усогласување на пензиите и околу 80.000 пензионери со просечна пензија од 14 403 денари добија зголемување од 101 денар. На тој начин СДСМ спроведува реформи на грбот на пензионерите, иако пред изборите ветуваа дека нема да го променат начинот на усогласување на пензиите, сепак го направија тоа и ја намалија куповната моќ на пензионерите. Крајно е несериозно да се намалува стандардот на пензионерите и наместо мирни пензионерски денови да чувствуваат револт и несигурност. 12-ти април е денот кога овие погубни политики на СДСМ ќе доживет пораз.После изборите новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги покачува пензиите согласно покачувањето на трошоците за живот, куповната моќ и растот на просечната плата. Само така ќе овозможиме достоинствен живот на пензионерите во Македонија и нивните семејства. Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе, порача таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2020 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега