ВМРО-ДПМНЕ: Нашата партија била и ќе остане партија на која што земјоделците може секогаш да сметаат

ВМРО-ДПМНЕ била и ќе остане партија на која што земјоделците може секогаш да сметаат. Обидите на СДСМ за манипулација не поминуваат ниту кај земјоделците ниту кај граѓаните, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За неажурноста на министрите Трајан Димковски и Љупчо Николовски јавноста виде преку примерите на земјоделците ширум Македонија кои што се жалат дека не ги добиваат субвенциите и не добиваат оштети за претрпените штети од природни катастрофи што ги погодија земјоделските површини. Кадрите кои СДСМ ги згрижи во институциите надлежни за  земјоделието очигледно го следат примерот на нивните функционери од СДСМ и затоа имаме состојба во која на тутунарите им е поисплатливо да го горат тутунот од колку да го продаваат, затоа имаме фрлено тони јаболка во преспанскиот крај, имаме исечени дрва на производителите на праски, затоа имаме незадоволни земјоделци во секој сектор на земјоделието. Заев, Трајан Димковски, Љупчо Николовски и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе, порачуваат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2020 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега