Наум Стоилковски: Има ли обвинителство во Македонија

Курто Дудуш, тепачот од Шуто Оризари, Марјанче Стојановски од Демир Хисар кој што се заканува со прислушување, Боро Стојчев шверцерот на цигари од Ново Село, се луѓе огледало на Зоран Заев и огледало на СДСМ, порача на денешната прес-конференција, Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во неполни три години прво нема ниту обвинение за тешки закани од градоначалникот од Демир Хисар кон граѓаните, за што има и снимка. Следеше пресуда на само 6 месеци за прекуграничен шверц вршен од семејството и лично од градоначалникот на Ново Село, а во акцијата за апсење беше пукано кон полицијата. Сега Курто Дудуш за тепање и малтретирање сограѓанин, но и по снимки за киднапирање и изживување на сограѓанин, минува со судска опомена“, констатираше партискиот портпарол и додаде дека ниту еден од овие градоначалници на СДСМ не е соодветно санкциониран, поради заштита од централната власт.

Стоилковски вината за ваквите, како што кажа, криминали, ја лоцира во Зоран Заев и СДСМ и порача дека на 12-ти април ќе следи одговорност за сите неправилности.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега