СДСМ: Донесовме подобар живот за сите граѓани

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерките и политиките кои обезбедуваат подобар животен стандард за сите граѓани. Ова денеска го велат СДСМ.

- Во таа насока се и измените во Законот за извршување усовоени од Собранието со кои покрај што се намалува делот за извршување, целосно се иззема извршувањето на најранливите категории на граѓани.
 Целосно се изземаат од извршување примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита,примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на возрасните лица. Ова значи крај на присилното извршување за социјално загрозените граѓани, градиме фер и праведно општество. Согласно измените на Законот за извршување, наместо досегашниот износ за извршување на 1/3 од примањата, сега тој се намалува на 1/5 од просечната плата или пензија . Примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните, велат СДСМ.

Се грижиме за сите граѓани. На прав пат сме!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2020 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега