Тетовско-скопски дуели за комплетирање на 28.коло во ПМФЛ

Во Првата македонска фудбалска лига попладнево ќе бидат одиграни двата последни натпревара од 28.коло, а во нив ќе се сретнат екипи од Тетово и од Скопје.

Второпласираниот Вардар му гостува на Тетекс кој се наоѓа пред испаѓање и ова му е една од последните шанси за фаќање приклучок со екипите кои се надвор од опасната зона.

Во Тетово кај Шкендија гостува екипата на Металург која е на третото место на табелата со пет бодови заостанување зад водечкиот Хоризонт Турново.

Почетокот на двете средби е во 16 часот и 30 минути.

На другите натпревари од оваа рунда кои се одиграа во саботата постигнати се следниве резултати: Напредок - Работнички 0:2, Силекс - Брегалница 0:1, Дрита - Пелистер 2:0 и Ренова - Хоризонт Турново 0:2.

Табела: Хоризонт Турново 56 бодови, Вардар 52 (натпревар помалку), Металург 51 (натпревар помалку), Работнички 43, Шкендија 42 (натпревар помалку), Ренова 38, Брегалница 37, Напредок 37, Пелистер 30, Дрита 30, Тетекс 21 (натпревар помалку) и Силекс 19.

ФОТО: Идивиди.ком.мк

најчитано сега