ВМРО- ДПМНЕ: СДСМ и Филипче не направија ништо за три години, а сега пред избори се пофалија со нови амбулантски возила

 

 Владата на СДСМ заедно со министерот за здравство Венко Филипче за овие три години целосно го уништија здравствениот систем во државата, велат од ВМРО- ДПМНЕ како реакција на соопштението од Министерство за здраство, кои ги промовираа новите амбулантни возила.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека не направија ништо за домашната и итната медицинска помош, па сега одлучија пред избори се фалат со набавки на амбулантски возила, иако итната медицинска помош посебно во подрачјето на Скопје беше преполовена.

„Граѓаните не добија ништо од тоа што им беше ветено од страна на СДСМ пред да дојдат на власт.

Освен доцнење на услуги, несоодветни услуги поради заминување на медицински персонал, граѓаните не добија ништо друга од оваа ненародна влада.

За сето ова СДСМ и Филипче ќе одговараат. Ќе одговорат за поразите, измамите и криминалите од нивна страна. По 12 Април следува обнова на Македонија и одговорност за нивното „работење““ велат од ВМРО- ДПМНЕ во реакција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2020 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега