СДСМ: Обезбедуваме подобро услови за работа во Армијата

Измените во Законот за служба во Армијата усвоени на предлог на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат подобра армија, подобри услови за работа во армијата и градење кадри по стандардите на НАТО. Ова денеска го велат СДСМ.
 
 - Со законските измени вработените во армијата ќе добиваат месечен додаток вo висина од 7.000 денари за решавање на станбеното прашање, стипендирање на дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата.
 Измените даваат можност за порано заминување во пензија со износ од 80% од десетте најдобри години, како и повисоки отпремнини при пензионирање. Овој закон го регулира и прашањето на војниците кои полнат 45 години, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту дека ќе бидат префрлени во некоја институција без прашање.
 Измените на Законот овозможуваат Армијата да биде наша гордост, ценета, почитувана и рамноправна како армија на 30-та земја членка на НАТО, велат тие.
 

 

 СДСМ доследно ги реализра стратешките реформи кои се дел од процесот за зачленување на Република Северна Македонија во НАТО.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега