СДСМ: Наместо за реформите во судството и напредокот на државата, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за имотот на партијата

Наместо за реформите во судството и напредокот на државата, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за имотот на партијата
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека не се грижи за напредокот на државата, туку дека е против правдата, против правната државата и против неселективното владеење на правото, се вели во денешното соопштение на СДСМ до јавноста.

„Недвосмислена потврда за тоа е јавно изнесениот став на Христијан Мицковски во однос на Законот за јавно обвинителство со кој Мицкоски и штети на правната држава.

Мицкоски го поврзува Законот за Јавно обвинителство со имотот на партијата, а од ВМРО-ДПМНЕ уценуваат за да се амнестираат од судските процеси што се водат против нив.

Со ова Мицкоски потврдува дека имотот на партијата и одбраната на криминалот во ВМРО-ДПМНЕ му се поважни од реформите во судството, кои се од особено значење за напредокот на државата.

Ова е уште еден доказ  дека ВМРО-ДПМНЕ раководена од Мицкоски е всушност управувана од Груевски од Будимпешта.

Затоа на 12 април, граѓаните масовно ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“, стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега