ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ и Заев најмалку им одговара квалитетно решение на закон за јавно обвинителство

СДСМ преку новиот закон за јавно обвинителство сака да ги заштити криминалите на Зоран Заев, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-На СДСМ и Зоран Заев најмалку им одговара квалитетно решение на закон за јавно обвинителство, бидејќи по тој закон професионалната и независна институција би требало да не замижува туку да отвара истраги за сите наместени тендери, афери и скандали а криминалците од власта да одговараат за општиот грабеж. Криминалци да одговараат. Зоран Заев знае дека овој пат нема да се спаси со никаква аболиција или амнестија туку ќе одговара за сторениот криминал, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека СДСМ и Зоран Заев по 12-ти април ќе одговараат за сторените криминали и злосторства.

-Одговорноста доаѓа заедно со обновата. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе, порачуваат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега