ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги злоупотребува законите за свои цели

СДСМ  ги злоупотребува законите за свои цели. СДСМ по којзнае кој пат ја покажа својата лицемерност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„При носењето на Законот за служба во АРМ, пратеничката група на СДСМ го одби амандманот на ВМРО-ДПМНЕ, кај што предвидуваше пензионирањето на вработените во АРМ да биде возможно или со 40 години стаж или со 55 години старост.

Доколку СДСМ го прифатеше амандманот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, практично СДСМ ќе ги пензионираше своите партиски кадри.

Постапките на СДСМ во однос на овој закон единствено укажуваат дека за нив партизацијата и де-професионализацијата на одбранбените структури се наоѓа многу повисоко на нивната листа на приоритети споредено со професионализацијата и борбената готовност.

На 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи тогаш ќе започне обнова и на Армијата на Република Македонија. А, граѓаните на 12-ти април ќе порачаат Зоран Заев никогаш повеќе“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега