Алијанса за Албанците: Проектот за приватното-јавно партнерство за прва помош уште еден неуспех во здравството

Алијанса на Албанците денеска вели дека приватното-јавно партнерство за прва помош не успеа.

- Иако ова не е новина за министерот, во споредба со другите изјави, овој пат министерот Филипче призна дека: „… приватно-јавното партнерство е сложен процес, во кој мора да учествуваат многу заинтересирани страни и претставници од Министерството за економија, финансии, други експерти …“ Ова не беше побарано кога министерот предложи приватно-јавно партнерство за кардиохирургија на деца, лаборатории за крвна слика, стерилизација на болничката опрема; сите овие проекти за кои ниту физибилити студија не беа подготвени, ниту беа консултирани други министерства или експерти, велат тие преку соопштение.

Потсетуваат дека снабдувањето автомобили за прва помош и подобрувањето на моменталната здравствена состојба со инвестиции што никогаш не се инвестираа беа ветување на ДУИ пред граѓаните, што никогаш не ги исполнија. И денес, кога проектот што самите го поддржаа не успеа, тие молчат.

- Алијанса за Албанците првично предупреди дека ниту еден проект за јавно приватно-партнерство не може да се спроведе без соодветен план и анализа. Драго ни е што министерот Филипче, иако доцни 2 години, го сфати ова! Но, тој и неговите владејачки партнери се чини дека не го разбрале концептот на одговорност и давање отчет за нивните неуспесите, додаваат од партијата Алијанса на Албанците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега