Алијанса за Албанците: Образованието во регрес, ДУИ спие

Образованието е aлка на општеството за кое државата мора да инвестира многу за да истата да не ‘рѓа. Но, спротивното се случува кај нас. Со години образованието стои на место и досега ниту една влада не презела конкретни мерки за решавање на основните проблеми како што се подобри училишни услови, снабдување со книги, едукативни-стимулативни програми и така натаму, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

„Засрамувачко е кога гледаме дека учениците учат од искинати книги и овој проблем не е решен уште од 2014 година. Особено е срамно кога нашата двојазична земја, не нуди образование на мајчин јазик во образовниот систем на многу Албанци.

Срамота е за секој министер што досега ја имал одговорноста на образованието, да дозволи училишните тоалети во 2020 година да бидат жариште на болести.

Жално е што нашите студенти не добиваат финансиска помош за образование, па дури и оние што добиваат помош се во минимални суми.

Образованието во нашата земја има потреба од радикални реформи и важечки закони кои доведуваат до промена, а не закони што не прават никаква промена.

Образованието во нашата земја има потреба од поголем буџет и подобри услови и за учениците и за наставниците“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега