Заврши средбата на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за законот за ЈО

Заврши средбата на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за законот за ЈО. На средбата меѓу Бојан Маричиќ од СДСМ, и Тимчо Муцунски од ВМРО ДПМНЕ станало збор за можните решенија и одглавување на дијалогот за законското решение за Јавното обвинителство, пренесува Телма.

Најавени се предлози и забелешки од страна на ВМРО ДПМНЕ кои ги изработуваат стручните тимови по што се очекува и средба на работните групи кон крајот на оваа или наредната недела. Камен на сопнување продолжува да биде неизбалансираното законско решение со кое засега не се гарантира независно јавно обвинителство кое е подложно на политички злоупотреби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега