ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ јасно порача со ова криминално раководство на СДСМ не сака да преговара

Со криминал и газење на правото сите врати на Република Македонија се затворени, велат од ВМРО- ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ.

Од партијата наведуваат дека СДСМ го излажа народот, ги погази националните интереси, потпиша капитулантски договор и на крај не добивме датум за преговори со ЕУ.

„ЕУ јасно порача со ова криминално раководство на СДСМ не сака да преговара.

Добро знаат дека СДСМ е единствената партија во Европа контролирана и водена од аболициран криминалец.

СДСМ од една страна го претвори судството во маша за политичка пресметка со неистомислениците, а од друга страна го користи за заштита на криминалот и корупцијата кои што ги генерира нивната власт.

Во СДСМ владее паника. Свесни се за поразот кои им следува. Свесни дека по 12 април сите оние кои што се огрешиле пред законот ќе одговараат, а ќе одговараат и оние кои што се ставиле во заштита на истиот.

 Граѓаните заслужуваат правда и правдина. Заслужуваат да се чувствуваа безбедно, а криминалците да се најдат зад решетки. По 12-ти април ќе започне обнова на Македонија и сите врати ќе и се отворат ширум. Бидејќи на 12-ти април граѓаните ќе порачаат Заев и СДСМ никогаш повеќе“ велат во реакција ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега