Осумте пратеници што гласаа за променета на името му се заканија со тужба на Милошоски

Осумте пратеници што гласаа за промена на уставното име преку соопштение во јавноста во целост ги отфрлаат, како што велат, лажните наводи изнесени од пратеникот Антонио Милошоски во вчерашната емисија „Што не е јасно“ на „Алфа“, каде што тој ги обвини за поткуп за гласањето на уставните измени.

-Исто така, во континуитет од раководството на ВМРО-ДПМНЕ се изнесуваат вакви клевети за поткуп. Го охрабруваме пратеникот Антонио Милошоски и останатите од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, доколку имаат докази за ваквите клевети веднаш да ги пријават во Јавното Обвинителство. Во спротивно најавуваме дека ваквите наводи ќе треба да ги докажуваат во судски постапки, се вели во реакцијата на групата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега