Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ ги блокира сите проекти и решенија во интерес на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ поднеле 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој денеска требаше да се расправа на Комисијата за финансирање и буџет, а потоа и на пленарна седница.

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов рече дека станува збор за долгови што се направени во периодот кога со овие претријатија раководеле кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ како одговорна партија, која работи во интерес на граѓаните, предлага отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица. Јавните претпријатија ќе имаат обврска да ги отпишат долговите на граѓаните, а државата обезбедува мерки кои ќе гарантираат развој и ефикасно функционирање на јавните претпријатија. Овие две мерки се тесно поврзани и се во интерес на сите граѓани на нашата држава. Овие мерки ќе значат нов почеток за сите, после систематското уништување на држава во периодот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година“, рече Костадинов.

Тој ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да го штитат криминалот во нивните редови, да престанат да работат и да се однесуваат само за тесно партиски интереси и да ги повлечат илјадниците амандмани со кои сакаат да ги блокираат мерките што се во интерес на граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега