Костадинов: Недозволиво е и крајно нечовечки да се ситиш на маката на граѓаните

ДПМНЕ заглавени во нивната режимска матрица, денеска преку нивната пратеничка Лилјана Кузмановска не дозволи на комисија, да се отворат законите за Отпис на КАМАТИ и репрограм на долгови на граѓаните, напиша пратеникот и портпаролот на СДСМ на својот Фејсбук профил.

„Да почитувани граѓани, оние кои ве задолжија, оние кои ве натрупаа со камати денеска се противат да истите тие камати ви бидат избришани.

Недозволиво е и крајно нечовечки да се ситиш на маката на граѓаните, но тоа е режимската дпмне.

Ќе направиме се што е во нашаа моќ, да ги деблокираме законите и конечно да ставиме крај на натрупаните камати.

Апелирам да ја следите ситуацијата, да бидете во тек и да знаете со какви монструозни анти државни делувања од страна на дпмне се соочуваме сите.

Сигурен сум дека ние, граѓаните тоа го препознаваме и на 12 ти Арил ќе го поразиме силно, остатокот од режимот кој не демне и нас и нашата држава“, пишува Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега