Лазарова: Инвестираме во младите, 3.000 денари месечен додаток за млади вработени во производство

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на вчерашната собраниска седница го усвои Законот за младински додаток кој поттикнува вработување на младите лица во дејностите на производството по завршување на средното образование, кажа на денешната прес-конференција, Мери Лазарова, пратеничка од редовите на СДСМ..

„Законот обезбедува месечна исплата од 3.000 денари на млади вработени лица до 23 години кои се вработени во производните дејности, се самовработени, вработени се преку приватна агенција, како и за младите индивидуални земјоделци.

Оваа мерка овозможува подобрување на животниот стандард на младите, но и ја стимулира атрактивноста на стручните занимања, за кои на пазарот на трудот постои голем интерес.

На овој начин истовремено им се излегува во пресрет и на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила, која тие ја бараат меѓу стручно образованите млади луѓе“, кажа Лазарова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега