Кирацовски бара активирање на Советот за граѓански надзор на следењето на комуникациите

 Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ денеска до Собранието поднесе барање за автентично толкување на членот од Законот за следење на комуникациите, за јасно да се утврди како Советот за граѓански надзор како да ги користи средствата предвидени со Буџетот и да се откочи неговата работа.  За да биде прифатено автентичното толкување потребно е двотретинско мнозинство, за што Кирацовски бара поддршка од сите пратеници во Собранието.

-Како главен проблем нотиран од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери, кој досега требаше да најде начин да ја откочи работата на Советот е ставот 2 од членот 53 од Законот за следење на комуникациите кој гласи: Финансиските средства за работа на Советот се обезбедуваат од Буџетот, кој според претседателот е недоволно јасен за тој да може да им ги предаде средствата на Советот за да може да ја врши својата работа, рече Кирацовски.

Средствата, според него, се веќе предвидени стојат замрзнати, а со тоа и работата на Советот, кој е формиран пред една година, а е составен од претседател и шест членови. Треба да ја следи работата на ОТА, на АБН и други институции. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега