ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има најнизок раст на платите во целиот регион во минатата година

ВМРО-ДПМНЕ ги објави според нив фактите на денот кои се во продолжение:

Факти на денот:

  1. Зоран Заев преку неговиот хибриден режим турка закон за обвинителство поради амнестија на криминалите и криминалците блиски до него и СДСМ.
  2. СДСМ во овој предизборен период, повторно сака и се обидува уште еднаш да ги покрие и затскрие своите неспособни градоначалници и директори на јавни претпријатија така што со парите на граѓаните ќе ги покрие луксузирањата, расфрлањата и долговите направени од страна на нивните функционери.
  3. Во однос на перцепцијата на корупцијата во светот „Транспаренси интернејшнл“ објави дека Република Македонија е падната за 13 места подолу. Тоа покажува дека криминалот и корупцијата се во подем.
  4. ВМРО-ДПМНЕ врз основа на интерно спроведената анализа, но и екстерни консултации со експерти, изработи забелешки кон она што сега го предлага СДСМ и целта е да се направи вистински реформски закон во полза на правдата и правдината во Република Македонија.
  5. Република Македонија има најнизок раст на платите во целиот регион во минатата година. Информацијата е од македонскиот ДЗС во координација со регионалните национални заводи за статистика.
  6. Одлуката за назначување на Рената Дескоска за член на Венецијанската комисија е скандалозна. ДКСК да го разгледа случајот и да се произнесе со став за таквата одлука.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега