Стевананџија: Ни во најлошиот сон граѓаните не можеа да замислат ќе паднеме повеќе од 40 места на индексот за корупција

На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Димитар Стевананџија. Тој кажа дека граѓаните ни во најлошиот сон не се надевале дека Македонија ќе падне за повеќе од 40 места на индексот за корупција. Имено, пратеникот потенцираше дека ова е огромен скандал за државата.

– Затоа денеска е брутална и Transparency International која што вика дека ни во најлошиот сон не можеле да замислат дека Македонија од 64 место во 2014 година денеска според индексот на корупција ќе биде на 106 место. Ни во најлошиот сон сите неопределени сите шарени сите оние кои што поверуваа во криминалите на СДСМ не можеа да замислат дека само за 5 години ќе паднеме повеќе од 40 места на индексот за корупција, појасни Стевананџија.

Тој дополни дека криминалната влада на СДСМ брутално потпишала договор за изградба на автопат во должина од 12 километри за 110 милиони евра и дека според пресметките еден километар асфалт би коштал околу 9 милиони евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега