Алијанса за Албанците: ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување и кампања

Практиката за предизборни вработување стана навика на политичките партии, кои ја искористуваат власта до последниот ден за купување гласови, велат во партиско соопштение од Алијанса на Албанците.

„Алијанса за Албанците остро реагира на злоупотребата на работната сила и ги повикуваме надлежните органи, имено Антикорупциската комисија, да преземат конкретни мерки за да се спречи оваа појава. Властите не треба да молчат во такви случаи кога законот е отворено прекршен.

Оваа практика и штети на слободните и демократски избори, а пред сè им штети на самите граѓани кои стануваат игра на власта. Граѓаните не треба да им веруваат на ваквите вработувања и да го продаваат својот глас за работа. Вработувањето е нивно право што никој не може да го негира, па затоа не смее истата да биде основа за нивната политичка определба.

Алијанса за Албанците ќе се обиде да го спречи овој феномен со сите нејзини сили, затоа што народот е тој што треба да ја држи власта на раце, а не обратно. Владата не смее да ги држи луѓето во свои раце“ велат од Алијанса.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега