Таравари: Во очите на Ахмети гледам еден уморен човек спремен за во пензија

Во очите на Али Ахмети гледам еден уморен човек кој е подготвен да замине во пензија, рече генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5.

– Во лидерот на ДУИ гледам еден многу истоштен и многу уморен човек, кому му е дојдено времето за пензија. Сакам да му упатам еден пријателски совет, а тоа е да си замине од политичкат сцена и да си најде свој заменик по изборите на 12 април – рече Таравари.

Тој уште еднаш го повтори ставот дека многу мали се шансите за склучување трипартиска коалиција помеѓу Алијансата за Албанците, Движењето Беса и Алтернатива во пресрет на изборите во април.

 

Како што истакна, преговорите помеѓу трите партии интензивно траат веќе три недели, но сепак, додаде Таравари, постигнувањето компромис е скоро невозможна мисија.

– Склучувањето трипартиска коалиција е невозможно. И покрај тоа што преговорите траат веќе три недели, сепак можам да кажам дека е многу тешко на крајот да падне договор. Јас не гледам никаква можност сите три партии да настапиме заедно во пресрет на изборите во април. Сепак, ние гледаме пријатели и во Беса и во Алтернатива, па ако одлучиме во предизборната кампања да влеземе со едната партија, тогаш сигурно дека постизборно ќе коалицираме и ќе соработуваме со другата партија – истакна Таравари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега