СДСМ: ВМРО работат на штета на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ е посветена на кочење на законите што се од интерес на граѓаните. Ова денеска го велат СДСМ.

- Со поднесувањето на стотици амандмани, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оневозможуваат Законот за легализација да се донесе до распуштање на Собранието, со што свесно стопираа легализација на стотина илјади објекти на граѓани. ВМРО-ДПМНЕ партијата која носеше Закони за легализација на згради, хациенди и вили на своите партиските функционери за само едно евро, сега им застанува на патот на стотина илјади граѓани преку овој Закон, кој овозможува домовите да бидат во нивната сопственост. Во недостаток на конструктивни предлози, идеи и решенија, ВМРО-ДПМНЕ нанесува директна штета на граѓаните. Овој чекор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден во низата којшто покажува дека пратениците на опозицијата работат спротивно на интересите на граѓаните. Јавноста, граѓаните, го ценат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април ќе им испорачаат нов пораз на погубните политики на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2020 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега