Јанушев: Криминално-рекетарската банда на Заев и СДСМ направи девастација на македонското општество во сите сфери

Денес сме во посета на Берово и Пехчево, се среќаваме со граѓаните, се среќаваме со бизнис заедницата, разговараме со сите во однос на нивните проблеми кои што  се соочуваат во последните три години, кажа генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

„Она што го зборуваме веќе во овој период континуирано тоа се покажува  и во средбите буквално со сите оние кои што се среќаваме. Народот е едноставно незадоволен, на народот му е преку глава од ова што го живеат во овие три години.

Криминално-рекетарската банда на Заев и СДСМ буквално направи девастација на македонското општество,  буквално во сите сфери.

Бизнисот стагнира, економијата и финансиите се во една очајно лоша ситуација. Со земјоделието се случува истото, а да не зборуваме за здравството и образованието.

Она што граѓаните го гледаат, она што луѓето кои што живеат овде во Република Македонија и особено во овој регион на Берово и Пехчево гледаат една надеж, една светла точка  во ВМРО-ДПМНЕ и она што можеме да го ветиме пред граѓаните дека со работа, работа и многу работа ќе ја донесеме после 12 Априла обновата во Република Македонија“, кажа Јанушев.                                            

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2020 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега