ЦО на СДСМ- Тема на седницата постапката за избор на кандидати за изборите и законот за ЈО

Централниот одбор на СДСМ вечерва одржува седница на која се разговара за постапката за номинирање кандидати за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори.

Портпаролот на парттијата Костадин Костадинов изјави дека на оваа седница нема да се одлучува кои ќе бидат носители на листи на СДСМ во изборните единици.

– Една од клучните теми ќе биде почнување на постапката за номинирање кандидати за пратеници за претстојните избори. Ќе се остави можноста на базата – месните заедници и општинските организации да предлагаат кандидати за пратеници. Тие потоа ќе поминат низ неколку филтри, а ќе има и анкети до носењето на конечна одлука, рече Костадинов.

На седницата на ЦО ќе се разговара и за актуелната политичка ситуација во државата и за законот за ЈО. Костадинов уште еднаш го повика ВМРО-ДПМНЕ „да се издигне над теснопратиските интереси и да го поддржи законот“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2020 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега