Тошковски: СДСМ да ги прифати забелешките за Законот за ЈО, на Република Македонија и е потребно здраво правосудство

 

Во вечерашната емисија на 24 анализа гостуваше адвокатот и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ веќе некој период е помеѓу народот, односно насекаде низ државата има средби на граѓани заедно со претседателот Мицкоски. Тошковски потенцираше дека и програмата која ќе се предложи на граѓаните како платформа за предвремените парламентарни избори е изготвена согласно потребите и барањата на граѓаните на Република Македонија.

Во однос на законот за Јавно обвинителство, Тошковски образложи дека на јавната расправа на која се разговараше за законот за Јавно обвинителство, професорите од Правниот факултет кои присуствувале и дебатирале на темата речиси потполно се согласиле со барањата, односно забелешките на ВМРО-ДПМНЕ во однос на законот. Од вкупно шест професори, меѓу кои и Рената Дескоска, пет биле потполно согласни со забелешките на ВМРО-ДПМНЕ, вели Тошкоски.

“ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против носењето на овој закон, но само со прифатени забелешки. Ние не бараме ништо посебно, го бараме она што и професорите од Правниот факултет го напоменаа на јавната расправа. Не смее политичарите во државата за сите криминале и сега и во минатото да не одговараат, тогаш ние не би биле сериозна држава ниту сега ниту во иднина. СДСМ треба да ги прифати забелешките на законот кои ги предложивме како партија и да се потрудиме во државата да обезбедиме услови за вистинско здраво судство”, вели Тошковски.

Тошковски потенцираше дека во првата верзија која била приложена за законот за Јавно обвинителство, СДСМ барале Катица Јанева да остане на функцијата во СЈО и да го продолжи своето работење се до крајот на мандатот. Откако Зоран Заев остана затекнат од страна на неговата омилена јавна обвинителка, тогаш намерите и барањата се сменија. Како и за сите други работи во државата, така и за донесувањето на овој закон СДСМ нема константен став и не сака да соработува во насока на обезбедување правда во државата, заврши Тошковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2020 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега