ВМРО: Пресвртот за кој зборува Спасовски е сиромаштија, беда и понижувања

 

Пресвртот за кој говори Оливер Спасовски се вика економски пропаст и најкорумпирана држава во Европа.Ова денеска го велат ВМРО по статусот на премиерот Спасовски.

- Спасовски е најдобар пријател на криминалците во Македонија, а пресвртот се вика пад на индустриското производство од 5,9%. Со Спасовски и Заев блеска само корупцијата во Македонија. Криминално рекетарската власт предводена од СДСМ ја смести Македонија на 106 место по корупција на Транспаренси Интернешнл во друштво на Монголија и Брег на Слонова коска. Пресвртот на Спасовски го потврди и угледниот весник „Економист“ кој ја смести Македонија во земји кои немаат демократија туку хибриден режим. Тоа е така затоа што во Македонија не владее правото туку владеат криминалците и рекетарите. За резултатите на СДСМ во економијата говори фактот дека над 500.000 граѓани во Република Македонија не можат да си дозволат корка леб, над 70% земаат плата помала од просечната. Додека Спасовски ги лаже граѓаните за некакви си економски резултати, реалноста е дека во три години ништо не сработија, а постојано се задолжуваат. Долгот со СДСМ ја надмина психолошката граница од 50% од БДП, а во меѓувреме не е реализиран ниту еден капитален проект кој ќе значи развој на државата. Со Спасовски и Заев единствено пресврт добија кланот Заев и нивните најблиски соработници кои ги добија сите тендери, грантови, а од поново време и лиценци за марихуана, велат тие.

Додаваат од СДСМ граѓаните добија само беда, сиромаштија, порази и понижувања. Заев и СДСМ се виновни за поразите и пропаста на Македонија, затоа после 12 април заминуваат од власт и ќе одговараат пред законите. Зоран Заев никогаш повеќе!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.01.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега