СДСМ: Мицкоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат казнети затоа што работат против интересите на граѓаните и државата

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со погубната стратегија на кочење и блокирање на законите што се од интерес на граѓаните. Кочењето на законите е проследено со дрско лажење и манипулирање, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Магдалена Манаскова дрско ја излажа македонската телевизиска јавност дека немало никакво блокирање на закони и процеси во Собранието.

А што е поднесување на стотици и илјадници амандмани на еден закон, ако не е блокирање на законот? Што е незакажувањето на продолженијата на комисиските седници, ако не е блокирање на закони?

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оневозможуваат Законот за легализација да се донесе до распуштање на Собранието, со што свесно стопираа легализација на стотина илјади објекти на граѓани. Со ваквите блокади ВМРО-ДПМНЕ нанесува директна штета на илјадници засегнати граѓани.

Граѓаните со право се прашуваат зошто ВМРО-ДПМНЕ ги блокира и Законот за огласување ништовност и поништување на правни акти дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, Законот за легализација на бесправно изградени објекти, Законот за опојни дроги и психотропни супстанци, Законот за академија за судии и јавни обвинители и Законот за јавно обвинителска служба?

Граѓаните се изморени од деструктивните блокади на ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април Христијан Мицкоски и неговите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат казнети затоа што работат против интересите на граѓаните и државата“, стои во соопштението на СДСМ. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2020 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега