Стоилковски: Власта да постапи по укажувањата на ДКСК и да сопре со изборна корупција

Паниката од поразот ја тера власта во заминување на изборната корупција преку вработувања до тој степен, што дури и ДКСК реагираше и го оцени како несоодветно за овој период, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Оваа криминално рекетарска власта три месеци откако се договорени избори не сопре со изборната корупција преку вработувања. Само во два месеци спроведени се преку 6.000 партиски вработувања, и тука не се оние вработувања и огласи распишани во јануари. Само во Македонски шуми за изборна корупција, за изборен поткуп на гласови распишаа огласи за 536 за времено вработување во претпријатие кое и сега според сознанијата исплаќа плата од позајмици. Ова е не само срамно, туку и целосно го нарушува изборниот амбиент, атмосферата за фер и демократски избори- главен предуслов за Европската Унија“, рече тој.

Според Стоилковски, ова е класична злоупотреба, класична политизација и партизација на администрацијата, ова е оптоварување на јавната администрација и на буџетот, само и само заради стравот на СДСМ од изборниот пораз.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2020 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега