СДСМ: Мицкоски се заканува дека ќе ја менувал македонската реалност, затоа ќе загуби на 12 април

Ништо ново од Христијан Мицкоски, в.д. портпаролот на Никола Груевски, продолжува да дејствува против интересите на државата и граѓаните. Договорот од Преспа, извесното члеснтво во НАТО, добрите односи со сите соседи се македонската реалност која Мицкоски се заканува дека ќе ја менувал. Таа реалност обезбеди отворен пат кон членство во НАТО и сериозен напредок во интегративните процеси во ЕУ, обезбеди економска стабилност и повеќе пари кај граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ на изнесените ставови на лидерот на ВМРО-ДПМН, Христијан Мицкоски во интервјуто за Пресс24.

 „Мицкоски повторно зборува за враќање назад во времето на изолација, сиромаштија, долгови, кавги со соседите, кога државата беше далеку од ЕУ и НАТО. Отвореното противење на Мицкоски за Законот за Јавно обвинтелство покажува дека неговата единствена политичка агенда е уништување на предметите на СЈО и спас на криминалците од редовите на неговата партија, предводени од неговиот ментор, бегалецот од правдата Никола Груевски. Таквото однесување на Мицкоски е неодговорно, несериозно и против интересите на државата и граѓаните. Затоа, на 12 април граѓаните ќе ги казнат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе порачаат режим никогаш повеќе“, стои во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2020 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега