Жерновски: Британија излегува од ЕУ, но останува во Европа

Да не заборавиме дека Британија излегува од ЕУ, но останува во Европа, рече во вчерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.

Говорејќи за британските инвестиции во земјава Жерновски потсети дека најголеми меѓу нив се „Џонсон Контрол“ и „Џонсон Мети“, врз кои Брегзитот нема да остави последици.

Жерновски оцени дека излегувањето на Британија од Унијата нема да донесе последици ниту во надворешната политика меѓу Македонија и Велика Британија.

„Губиме еден важен поддржувач во ЕУ, но да не заборавиме, ние сме во НАТО со нив, македонското знаме беше истакнато во Лондон, пред самитот што се одржуваше во Лондон, така што сум убеден дека таа соработка ќе продолжи понатаму, рече Жерновски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2020 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега