Богоев во САД на Националниот молитвен појадок

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев најави дека од понеделник ќе биде во посета на САД и оти ќе учествува и Националниот молитвен појадок.

– Од понеделник, ќе бидам во посета на Соединетите Американски Држави, при што ќе учествувам и на Националниот молитвен појадок. Ќе имам средби со повеќе конгресмени, како и со претставници на National Democratic Institute и International Republican Institute (IRI). Овој настан обединува повеќе од 3.500 гости, светски лидери, претставници на бизнис секторот, верски водачи и истакнати личности кои зборуваат на политички и социјални теми, напиша Богоев на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2020 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега