Димковски: Тутунарите не се оставени на цедило, инспекторатот е на терен

Државниот инспекторат за земјоделство од понеделник излегува на терен да изврши драстични контроли во врска со проблемите со откупот на тутун, порача Трајан Димковски, член на Централниот Одбор на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на трибината Агенда 20-24 во Струмица.

Тој додаде дека тутунарите нема да бидат оставени на цедило, а ако се утврдат неправилности при откупот ќе следат казни за тутунските компании, за да нема застој во откупот на тутунот.

Инаку, оваа влада создава одличен амбиент во откупот на тутун, за кој се даваат 30 милиони евра субвенции, и тоа 80 денари за прва класа, 70 денари  за втора класа и 60 денари за 3 класа и за останатите класи, истакна Трајан Димковски, на трибината Агенда 20-24 во Струмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2020 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега