Единствена Македонија до власта и амбасадорите: Престанете да лажете дека Преспанскиот договор не може да се поништи

Власта на Зоран Заев и одредени амбасадори во Скопје мора да се во очај што во изминатите денови водат силна медиумска кампања дека Преспанскиот договор не може да поништи и дека тоа е завршена работа, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Ја информираме јавноста да го заборави ова. Договорот за промена на името со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ е ништовен според меѓународното право. Значи, потребно е само да дојде народна власт со определба за поништување на преспанскиот договор.

Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа веќе се завети пред Природата, Господ, Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија дека антимакедонските договори ќе бидат поништени. Планот и визијата за поништување се дадени во Платформата насловена како „Битка за Македонија која веќе три месеци се дели низ Македонија во 100.000 примероци од тимот предводен лично од претседателот на Единствена Македонија.

Новата легална власт на Единствена Македонија ќе ја почитува волјата на народот од референдумот на 30 септември 2018 дека не сака во ЕУ и НАТО и промена на името и ќе ја придружи Македонија во сојузи и меѓународни организации согласно волјата на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2020 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега