Мизрахи: Царовска е жедна само за власт

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи напиаа дека вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска не ја зборува вистината кога им вели на пензионерите дека добиле зголемување на пензиите од 722 денари, бидејќи како што вели таа, во 2019 им биле одземени месечно по 575.

„Вицепремиерката веројатно мисли дека со кратење на средства за социјално ранливите категории на граѓаните, а и ,,лажното” покачување на пензиите, ќе се претстави како грижлива вицепремиерка. Царовска не го решава проблемот на граѓаните со лошите услови за живот, економијата и растечката сиромаштија. Вицепремиерката покажува дека е тотално неискрена кон граѓаните, но истовремено и покажува колку е неспособна и жедна само за власт“, напиша Мизрахи на својот профил на Фејсбук.

Додава дека со промената на законот за пензиско и инвалидско осигурување, СДСМ во првите шест месеци од 2019 одземал 445 денари месечно, а во вторите шест месеци од годината намалил дополнително 705 денари месечно или севкупно 6900 денари, односно просечно по 575 денари месечно.

„Таа се фали дека ги зголемува пензиите за пензионерите, а пред тоа им ги скрати пензиите по законот за порамнување на пензиите.
Интересот на граѓаните е пред сѐ, но не со кратење на средства на социјално ранливите категории“, смета Мизрахи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2020 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега