ДУИ: Несериозни и навредливи реакции на опозицијата без да прочита ниту еден ред од Законот за Ветинг

Демократската Унија за Интеграција силно го поддржува Ветингот во политиката, судството и обвинителството и изразува жалење за навредливите и несериозни реакции oд поранешните партнери во Владата и албанската опозиција.

„Уште без да прочитаат реченица од Законот за контрола на актуелните носители на јавните функции и на кандидатите за избор како носители на функции, како и на судиите и обвинителите, и двете партии преземаат улога на судија, обвинител и на пропагандист, создавајќи ја истовремено тужбата, донесување на пресуда и пренесување на лажни вести.

Законот за основање на агенцијата која ќе направи контрола за ветингот на политичарите, носителите на јавните функции, судиите и обвинителите е испратен пред неколку месеци до двете други поголеми партии носители на државничка одговорност, СДСМ и ВМРО.

ДУИ се ангажира за потполна транспарентност и информирање на граѓаните за секој кандидат за носител на јавна функција пред тие да се изберат и да ја спречува пропагандата, лажните вести и клеветите.

Ние ова го направивме во нашите редови за време на внатрепартиските избори и потполната ререгистрација на членството, со или без закон, но ги повикуваме партиите и политичарите да не го заземат улогата на судија, обвинител, новинар и да ни се придружат со нивното ангажирање за некомпромитирани лица и дискурс без клевети со подршката на овој предлог-закон“ соопшти ДУИ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2020 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега