Манасиевски: Каде се парите од рекетот собрани во скапите Луј Витон торби

Главното прашање која ја мачи македонската јавност веќе подолг период е каде се парите од рекетот собрани во скапите Луи Витон торби, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве денес можеме да соопштиме дека беа најдени, и тоа кај Мирчо Свињарникот во Струмица. Сите 8 торби Луи Витон , во секоја по еден милион евра Рекет. Овие пари ги донесовме овде пред владата, кај сопственикот на тој рекет. Така важи правилото за бон тон- Изгубеното секогаш се враќа кај сопственикот. Од овие пари има за сите.

Нормално најголем дел од нив припаѓаат кај оној кој највеќе се измачил за овој рекет браќата Далтон Зоран и Вице Заев.

Од овие рекетирани пари може владата на Зоран Заев да си купи и кичма, бидејќи оваа ја искривија и целосно ја расходуваа.

Од рекетираните пари може да си купат и нов мерцедес, зошто овој не го продадоа, а нели мачки и го изгребаа.

Од рекетираните пари може да се подмират дури и Рускоска и Кацарска, зошто не бива да се утепуваат од водење прогон, а евро да не припадне за нив. Нека ја копираат Заевата братска делба: евро за Рускоска, евро за Кацарска.

Ги оставаме торбите да се спакуваат и да си заминат. А мора да си заминат за да повеќе младите не си заминуваат, за да може младите да ја исправат кичмата која тие ни ја виткаат. За да може да се избориме за достоинство, разбирање и шанса која им треба на младите. 12 ти април е одговорот“ истакна Манасиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2020 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега