Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањата за законот за ЈО

Не постои никаква шанса да отстапиме од нашите барања во однос на законот за јавно обвинителство, порача денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во врска со тоа дали партијата поднела амандмани и дали планира да поднесе.

-Ова го кажувам не поради суета, не поради пех на ВМРО-ДПМНЕ, туку поради тоа што само со овие предлози во измените во законот за Јавно обвинителство можеме да мрднеме од мртва точка во однос на борбата со криминалот и корупцијата односно создавање почеток за создавање правна држава која што дефакто и неминовно, ако не започне сега ќе започне по 12 април, рече Јанушев.

Во врска со повикот на партискиот лидер Христијан Мицкоски до Министерството за правда да ги прифати сите забелешки на експертите кои учествувале во јавната расправа, Јанушев смета дека министерката Рената Дескока стои наспроти цела правна фела.

-Впрочем се она што го кажаа експертите професорите од правен факултет и сите оние кој што се на некој начин поврзани или затекнати со законот за Јавно обвинителство го говорат истото, само Рената Дескоска го говори спротивното, додаде тој.

За тоа дали ќе се донесе законот пред изборите, Јанушев вели дека според партијата секако дека треба да се донесе, но не онаков, каков што го предлага СДСМ.

-Видете да барате да се носи закон каде што покрај сегашното одделение за гонење на криминал и корупција каде ќе дадете само еден збор и ќе направите ново буквално со истите ингеренции каде ќе предвидите сите од СЈО, од она СЈО кој што слушнавме што се случува ќе ги ставите внатре е во крајна рака небулозно и притоа да има финансиски буџет неколку пати поголем од сите останати во однос на вработените во обвинителството. Каква порака праќаме во однос на владеење на правото и правната држава. Ако тоа треба да биде репер како треба да биде како да се развива државата тогаш е подобро да не се носи ова законско решение, изјави Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2020 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега