ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги украде пензионерите со лопата, а сега им враќа со лажичка

Без никаков срам СДСМ и понатаму вели дека се грижи за пензионерите. Во овие три години откако тие се на власт целосно заборавија на  оваа категорија на граѓани. На пензионерите повеќе од јасно им е дека СДСМ сега пред избори ќе почне да мисли за нив само за да ги добие некој глас повеќе, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ.

„СДСМ се фали дека ги покачиле пензиите на пензионерите, но тие добро знаат дека  не е така и всушност станува збор за лага. СДСМ не го кажуваат фактот дека пред тоа по законот за порамнување на пензиите, им ги скратија пензиите.

Во првите 6 месеци од 2019 со промена на законот за пензиско и инвалидско осигурување тие одземаа 445 денари, а во вторите 6 месеци од 2019 година им одземаа дополнителни 705 денари. Ова всушност значи дека за целата 2019 година СДСМ на пензионерите им одзема 6 900 денари или по 575 денари месечно. За  ова се виновни СДСМ и Заев, и по 12 Април тие ќе одговараат.

Но, доаѓаат подобри времиња. Со новата влада која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати грижата за пензионерите како што навистина и заслужуваат“, стои во реакцијата на опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2020 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега