Петров: Договорот од Преспа ги отвора вратите за младите луѓе, не смееме да се враќаме чекор назад

На младите во нашата земја им е здосадено од неизвесност и политичари без јасна визија. Дозволете да им се обратам во моментов:  Вие младите сте најголемите поддржувачи на нашата европската интеграција. Вие многу добро знаете во кој правец треба да се движи нашата земја. Вие сакате европска иднина, дома. Вие сакате и заслужувате стабилност.Вие нема да дозволите враќање во минатото. Политичарите мора да го слушнат вашиот глас и сите заедно да работиме на подобра сегашност, но и посветла иднина, кажа потпретседателот на СДСМ, Коста Петров и додаде:

„Разочарувачки е ставот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ околу Договорот од Преспа и враќање на нашата земја во време во кое беше неизвесно каде нашата држава, а со тоа и иднината и просперитетот на младите се движат.

Тие продолжуваат да ги игнорираат пораките на сите наши стратешки партнери дека Договорот од Преспа го откочи патот за Северна Македонија да стане НАТО-сојузник и да го продолжи патот кон ЕУ. Тие го игнорираат и фактот дека токму Договорот од Преспа нѐ придвижи напред од позицијата на 11 годишната стагнација и неизвесност во која западнавме кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

Да се разбереме, договорот од Преспа не е само решение на децениски проблем туку е и наше членство во НАТО – а тоа значи:

• повисок економски раст,

• повеќе инвестиции,

• подобро платени работни места,

•нови можности и перспективи за младите, и најважно

•заштитен македонски идентитет.

Укинувањето на Договорот од Преспа што го заговара ВМРО-ДПМНЕ, значи укинување на нашите ЕУ перспективи, значи губење на надежта кај многу млади, значи уште поголемо иселување и разделени семејства, но и загрозување на иднината на новите генерации. Ова никако не смееме да го дозволиме, вие и ние заедно.

Почитувани млади, она што го заговара ВМРО-ДПМНЕ значи враќање неколку чекори назад.

Враќање назад во време на неизвесност и изолација.

Време во кое младите престанаа да ја гледаат својата иднина тука.

Младите не се вртат назад, тие чекорат напред и затоа на 12 април ќе изберат да ги казнат политичарите кои заговараат укинување и блокирање на европските перспективи, односно младите ќе изберат иднина, ќе изберат прав пат“, кажа Петров на денешната прес-конференција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега