Мицкоски во Велес: ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе странски и домашни инвестиции во вредност не помала од 4 милијарди евра

ВМРО-ДПМНЕ во четиригодишниот мандат ќе реализира проекти, капитални инвестиции за развој на Македонија во вредност од не помалку од 2 милијарди евр, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбите во Велес.

-Имав средба со стопанствениците во Велес. Овој град заслужува поголемо внимание и инвестиции. Моторот на една економија се инвестициите во која мора поголем ангажман да даде и владата.
Програмата која ќе ја понудиме на граѓаните ќе понуди многу конкретни проекти но и мерки кои ќе бидат наша стратешка определба, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Вели дека во четиригодишниот мандат ќе бидат донесени странски и домашни инвестиции во вредност не помала од 4 милјарди евра.

секако враќање на рамниот данок и сукцесивно намалување по половина процент секоја година повеќе од милијарда денари назад во бизнисот. Како ќе го направиме сето ова, прецизно ќе биде обработено во програмата која следи. Македонија може и има шанса. Следуваат промени и обнова која доаѓа!, напиша Мицкоски.

04.02.2020 - 18:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега