Забрчанец: Владата предводена од СДСМ успеа пропагандата да ја претвори во транспарентност

На вечерашната програмска трибина на СДСМ „Агенда 20 - 24 – Отворена Власт” националниот коодинатор за стратегиски комуникации во Владата на Република Македонија, Марјан Забрчанец истакна дека во изминатите две и пол година преку Владата како централна извршна институција успеа да ги демократизира институциите.

“Институциите да ги опслужуваат граѓаните, наместо да ги злоупотребуваат, пропагандата ја претворивме во транспарентност” рече Забрчанец. Напоменувајќи дека ние сме прва држава во регионот која има акциски план за справување со дезинформации.

Забрчанец истакна дека нашата држава е лидер за трансперентност во рехионот, но додаде дека со сигурност може повеќе и подобро. Но, она што мора да го имаме предвид е дека сите потврдуваат дека живееме слобода, „Прашајте го таксистот, пазарџијата, административецот – сите потврдуваат дека живееме во Слобода“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2020 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега